Последен поздрав за легендата: Вардар организира комеморација за Васил Рингов

 

Објавено:

Фудбалскиот клуб Вардар в недела ќе одржи комеморативна седница во чест на една од своите најголеми легенди и симболи на македонскиот фудбал, Васил Рингов. Собирот ќе биде можност за сите почитувачи на неговото дело уште еднаш да му оддадат почит на човекот кој со децении го прославуваше „црвено-црниот“ дрес.

Комеморацијата ќе се одржи на 28 декември (недела) со почеток во 12:00 часот, во Дијамантската сала на хотел „Хилтон“ во Скопје. Клубот упати отворена покана до сите навивачи, фудбалски работници и граѓани кои сакаат да се збогуваат со големиот Рингов.

Навивачката група „Комити“ исто така најави свое присуство на комеморацијата, истакнувајќи го огромното значење на Рингов не само како фудбалер, туку и како личност која ги задолжила генерациите вардарци.

„За човекот кој заслужи многу и кој со своите успеси и карактер нè задолжи уште повеќе!“, порачаа од навивачката група.

Васил Рингов почина на 70-годишна возраст по кратко боледување, оставајќи зад себе неизбришлива трага во историјата на Вардар и македонскиот спорт воопшто.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено