Легендите на германскиот фудбал, Томас Милер и Мануел Ноер, вчера во рамките на Светското клупско првенство го одиграа својот последен заеднички натпревар откако нивниот тим беше елиминиран од турнирот од екипата на ПСЖ.
Ветераните на Баерн Минхен играа заедно уште од 2011 година, што го прави едно од најдолгите фудбалски партнерства во историјата на овој спорт, а по завршувањето на натпреварот тие споделија емотивен момент и прегратка за крај на 14 годишното партнерство.

Милер веќе се прости со своите навивачи во рамките на домашната Бундеслига, но вчера и официјално тој ги заврши настапите за својот клуб.
Наследството на Милер во Баерн е навистина огромно, а тој зад себе остави 33 трофеи, вклучувајќи ги и 13-те титули во Бундеслигата. 35 годишниот играч има одиграно најмногу мечеви за Баерн во историјата на клубот, со преку 200 постигнати голови и над 200 асистенции.

Сега за сега не се познати плановите на Милер по заминувањето од клубот, а некои гласини велат дека тој ќе ја продолжи својата кариера токму во САД, во рамките на МЛС лигата.
“Во моментов не сум расположен да ги споделам моите длабоки мисли за мојата кариера. Изгубивме голема битка, натпревар кој беше многу важен за нас”, изјави Милер по поразот од 2:0 од ПСЖ, во кој влезе во 80 минута како замена.
@daznfootball Last time Müller leaves the pitch in a Bayern jersey 🥺 Catch the @FIFAClubWorldCup | June 14 – July 13 | Every game. Free. | DAZN.com | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #PSGBAY #PSGBayern



