Поставен нов рекорд за најбрз сервис на Вимблдон

Објавено:

На првиот ден на Вимблдон веќе видовме доста возбудливи мечеви, изненадувања како испаѓањето на Медведев, а еве сега и нов рекорд за најбрз сервис во историјата на турнирот.

Џовани Перикард успеа да ја искористи својата импресивна висина и експертизата на терените со трева и да дојде до нов рекорд од 246 километри на час (153mph).

Со ова тој го сруши претходниот рекорд на Тејлор Дент од 2010 година, кога тој сервираше со брзина од 238 километри на час (148mph).

Овој рекорд доаѓа во време кога се бележи изненадувачки пораст на брзината оваа година, а податоците од АТП покажуваат неверојатни 15% зголеменост на сервисите над 225 километри на час.

Денешниот рекорд се однесува на Вимблдон, додека во светски рамки рекордот за најбрз сервис во професионалниот тенис го држи Сем Грот со 263 километри на час, рекорд поставен за време на Челинџер турнир во 2012 година.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено