Поуспешен од Ѓоковиќ, Федерер и Сампрас: Алкараз испиша историја на УС Опен!

 

Објавено:

Карлос Алкараз продолжува да гази сè пред себе во Њујорк. Бранителот на титулата без многу мака го „среди“ кинескиот тенисер Ву Јибинг со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-1) и рутински обезбеди пласман во осминафиналето на овогодинешниот УС Опен.

Иако натпреварот траеше нешто повеќе од два часа, Шпанецот постојано го контролираше темпото и му дозволи на противникот само осум гема во целиот меч. Но, она што навистина одекна по овој триумф не беше самиот резултат, туку историскиот рекорд кој го постави младиот ас.

Кралот на Њујорк со 90% успешност

Покрај тоа што ја продолжи својата импресивна серија на 17 последователни победи на Грен слем турнирите, 23-годишниот Алкараз го забележа својот 27-ми триумф на терените во „Флешинг Медоус“.

Со биланс од 27 победи и само 3 порази во кариерата во Њујорк, Шпанецот сега има неверојатен процент на успешност од 90%. Тоа е официјално највисокиот процент во историјата на Опен ерата на овој турнир, оставајќи ги зад себе апсолутните легенди на спортот како Пит Сампрас (88,8%), Роџер Федерер (86,4%) и Новак Ѓоковиќ (85,6%).

„Мислев дека ќе бидам мртов по првиот меч“

Оваа доминација е уште поимпресивна ако се земе предвид дека Алкараз штотуку се врати на терените по четиримесечна пауза поради незгодна повреда на зглобот.

„Физички се чувствувам многу подобро отколку што мислев. Искрено, мислев дека ќе бидам ‘мртов’ по првиот меч на турнирот. Но, одлично закрепнувам. Во моментов играм на многу високо ниво и фаќам сè подобар натпреварувачки ритам со секое ново излегување на теренот“, изјави задоволниот Алкараз.

Во следната рунда, шпанскиот феномен ќе има далеку посериозен тест. Го чека пресметка со домашниот миленик и 20-ти носител, Томи Пол, кој преживеа вистинска драма во пет сета против Александар Бублик.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено