Повредата на Гави била шок за играчот и за докторите!

Објавено:

Пабло Гави повторно се соочува со долга пауза. Она што требаше да биде едноставна интервенција за да се реши непријатноста во неговото десно колено, заврши со непријатно изненадување, и за лекарите и за играчот.

Кога 21-годишниот играч на Барселона пристигнал во понеделникот во болницата во Барселона, планот бил да се направи артроскопија, процедура со која се дијагностицира и третира одреден проблем на зглобовите. Се очекуваше дека ќе паузира четири до пет недели, но наместо тоа, докторите открија дека неговиот менискус не е само повреден, туку скршен, по што итно мораше хируршки да биде зашиен. Тоа значи најмалку пет месеци пауза, што предизвика шок во соблекувалната на Барселона.

Ова е нов удар за фудбалерот кој веќе еднаш ја имаше скршено предна вкрстена врска на истото колено, повреда што го остави без фудбал речиси цела година и го оддалечи од настапот на Европското првенство во 2024. Тогаш Гави покажа неверојатна трпеливост и борбен дух, враќајќи се на терените во октомври 2024.

Сега го чека уште потешка битка. Играчите Ламин Јамал, Роналд Араухо и Педри веднаш го посетија во болница, а тренерот Ханси Флик откри дека и самиот го охрабрил. “Гави има огромно срце. Тој живее за овој клуб. Ќе му биде тешко, но ако некој може да го издржи ова, тоа е тој”, изјави Германецот.

Гави е еден од најомилените во соблекувалната, а навивачите одамна го препознаа како симбол на борбеност. Дури и по примерот од 2023 година, кога во дуел со Атлетик Билбао се фрли на земја со глава за да ја освои топката, стана јасно дека тој игра со целото срце.

Новата сезона требаше да биде негов нов почеток. Тој беше прв стрелец на летната турнеја во Јапонија и Јужна Кореја, а Флик му подготвуваше поголема улога. Наместо тоа, Барса ќе мора да се снаоѓа без него во битката на три фронта, а селекторот на Шпанија веројатно ќе мора да го планира Светското првенство без неговото присуство.

Но самиот играч не се предава. “Оние што ме познаваат знаат дека ќе се враќам колку што е потребно за да ги бранам боите на Барса и моите соиграчи до самиот крај. Вистинскиот шампион не се создава во моментите на триумф, туку во времињата кога повторно станува по падот”, напиша Гави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GAVI (@pablogavi)

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено