10.8 C
Skopje

Познати паровите за стартот на турнирот “Шестте кралеви”

Објавено:

Утре ќе стартува ревијалниот тениски турнир “Шестте кралеви” (Six Kings Slam) кој се игра во Саудиска Арабија. Овој турнир, кој е желба на самиот Шеик, е дел од сезоната за промоција на Ријад, а е примамлив за тенисерите затоа што таму се делат навистина огромни награди.

Имено, шестте учесници во турнирот оваа година ќе поделат премија од 6 милиони долари, што е два пати повеќе од наградата која ја добива победникот на било кој Гренд Слем турнир.

Од првично планираните шестмина Џек Дрејпер мораше да се повлече за да се рехабилитира од повредите, па Стефанос Циципас ќе игра на неговото место.

Извор: https://x.com/RiyadhSeason

Па така, на првиот натпреварувачки ден (15 октомври) ќе играат Александер Зверев и Тејлор Фриц, како и Јаник Синер со Стефанос Циципас.

Победниците од тие дуели во вториот натпреварувачки ден (16 октомври) ќе ги пречекаат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ. Финалето на турнирот ќе се одигра на 18-ти октомври.

Тенисерите веќе пристигнаа во Ријад, а турнирот ќе биде пренесуван и на гигантската стриминг платформа Нетфликс.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено