Денес беше извлечена ждрепката за првите натпревари на престижниот тениски турнир во Њујорк, а групите се поделени на четири кои ги предводат: Синер, Зверев, Фритц и Алкараз.
Ако Карлос Алкараз имаше вистинска среќа да има лесен пат на Вимблдон и Роланд Гарос, овој пат ќе се соочи со тежок противник уште во првата рунда, каде ќе игра со Опелка, а понатаму на патот би можел да се соочи со Медведев во четвртата рунда, со Шелтон или Руд во четвртфиналето и Ѓоковиќ или Фриц во полуфиналето на турнирот.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој пристигна на УС Опен во потрага по неговата рекордна 25 Гренд Слем титула, ќе стартува исто така со незгоден противник, Американецот Лернер Тјен.
Од друга страна пак, Јаник Синер овој пат ќе има “полесен пат”, а турнирот ќе го стартува против Коприва. Домашниот миленик, Тејлор Фриц ќе игра против Нава, кој пристигна на турнирот со валјд-карта.
Горната половина од ждрепката.


Долната половина од ждрепката.





