Со натпреварите меѓу Реал Мадрид и Јувентус, како и Борусија Дортмунд и Монтереј, беше комплетирана осминафиналната нокаут-фаза, па сега ги имаме сите двојки кои ќе се сретнат во следната фаза.
Од она што е познато е дека во полуфиналето ќе имаме барем еден клуб кој не доаѓа од Европа, но и дека во финалето секако ќе имаме еден европски клуб.
На 4 јули ќе ги добиеме првите двајца патници во полуфиналето од натпреварите меѓу Палмеирас и Челси од едната страна, и Флуминесе и Ал Хилал од другата. Токму мечот меѓу вторите два клуба ќе ни го даде со сигурност неевропскиот учесник во полуфиналето, додека од првиот натпревар шанса ќе добијат и Бразилците од Палмеирас доколку го совладаат Челси.
Од другата страна на табелата мечевите ќе се одиграат на 5 јули, меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, како и Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Оваа група ќе ни го даде сигурниот европски патник во финалето, кое ќе го гледаме на 13 јули.




