Пречекот на Паредес во клубот од детството Бока Јуниорс

Објавено:

Аргентинските навивачи на Бока Јуниорс отсекогаш важеле за едни од најстраствените фудбалски фанови, а кога станува збор за враќање на нивните легенди, нивната пасија е уште поголема.

Тие спектакуларно го пречекаа Леандро Паредес кој се врати во својот клуб од детството после 10 години.

Извор: https://x.com/BocaJrsOficial

31 годишниот играч од средниот ред, кој го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина, се врати на Ла Бомбонера на голема радост на тамошните навивачи.

Паредес, кој и во претходни интервјуа низ кариерата зборуваше со огромна љубов за својот клуб од детството, конечно ги оствари најавите дека еден ден повторно ќе се врати во Бока Јуниорс.

Погледнете го пречекот кој му го приредија клубот и навивачите на легендарниот стадион во Буенос Аирес.

Извор: https://x.com/BocaJrsOficial
Извор: https://x.com/BocaJrsOficial
Извор: https://x.com/BocaJrsOficial
Извор: https://x.com/BocaJrsOficial

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено