10.8 C
Skopje

Пред натпреварот на Партизан, пуштена навивачката песна на Ц.Звезда

Објавено:

Вчера се случи вистинска драма на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан, кога на половина час пред почетокот на мечот со Раднички 1923, на разгласот беше пуштена навивачката химна на нивните најлути ривали, Црвена Звезда.

Од клубот веднаш на социјалните мрежи се огласија со соопштение во врска со настанот, извинувајќи се на своите навивачи.

“На нашиот стадион, на околу 30 минути пред почетокот на натпреварот против Раднички 1923 од Крагуевац, дојде до инцидент кога на разгласот беше пуштена несоодветна аудио содржина.

Ја известуваме јавноста и нашите навивачи дека поради оваа саботажа, после внатрешна истрага, ќе го раскинеме договорот и ќе поднесеме тужба против одговорните лица кои ја пружаа оваа услуга за нас низ годините”, се вели во соопштението.

Навивачите на стадионот најпрво во неверување, а потоа со свирежи изреагираа на песната на навивачката група Делије. Бесните навивачи предизвикаа вистинска бура и на социјалните мрежи, па се чека официјално соопштение како дошло до таквата ситуација.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено