Прекин на 4 минути пред крај поради дожд и грмотевици

Објавено:

Вториот осминафинален натпревар меѓу Бенфика и Челси е одложен на само 4 минути пред крајот. Иако се очекуваше веќе да биде прогласен Челси како победник во дуелот во кој водеше со еден гол разлика (0:1), повторно се замешаа временските услови во САД.

Ова не е единствен пат на ова Светско клупско првенство натпревар да биде одложен или прекинат поради дожд и невреме, а изгледа дека токму Бенфика не е баш среќна на ова поле, откако во групната фаза натпреварот кој го играа против Оукленд Сити беше одложен цели два часа.

Ваквата пракса не е нешто на кое се навикнати европските фанови, па тие бурно реагираа на социјалните мрежи, истакнувајќи дека Англичаните често играат на многу подраматични дождови и невремиња.

Погледнете како изгледа стадионот за време на прекинот поради “невремето”.

Но, она што е позагрижувачко во целата оваа ситуација е најавата кои овие ситуации ни ја даваат за идната година, кога САД ќе бидат ко-домаќини на Светското првенство.

Во многу од градовите каде се планира да се играат натпреварите од Мундијалот често има нестабилни временски услови, па фудбалските фанови сега стравуваат дека ова ќе биде честа пракса и на претстојното Светско првенство.

Според регулативите на ФИФА за ова натпреварување, во случај на најава на невреме со грмотевици, натпреварот се одложува за 30 минути. Доколку во тие половина час се забележи напој на грмотевици, времето се рестартира за нови 30 минути и сè така додека не поминат 30 минути без никаков ризик за невреме.

Кога и како ќе ги догледаме тие 4 минути од овој дуел останува да видиме…

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено