Победничката на Вимблдон и турнирот во Синсинати, Ига Швјонтек, вечерва беше елиминирана во четвртфиналниот меч против домашната тенисерка Аманда Анисимова на Отвореното првенство во САД.
Анисимова водена од атмосферата на домашната публика во Њујорк, успеа да ја прекине победничката низа на Пољакињата и да ја совлада во два сета, со резултат од 6-4, 6-3.
“Првиот ден кога дојдов тука си помислив ‘ок, ајде да ја поминеме првата рунда’, но еве ме денес тука. Ова е еден неверојатен сон. Да се вратам после Вимблдон на ваков начин, е навистина посебно за мене”, изјави Аманда после победата.

За да биде позначајна победата, Анисимова е првата Американка која успеала да дојде до полуфинале на сите три површини на Гренд Слем турнирите, после Серена и Венус Вилијамс кои го направија тоа во 2002 година.
Инаку, претходно Анисимова изгуби на Вимблдон токму од Ига Швјонтек и тоа во меч во кој не успеа да и земе ниту еден сет. Швјонтек која со победите почна да цели кон првото место на ВТА листата, сега ќе мора да почека да ја симне Сабаленка од тронот.
Во меѓувреме, Анисимова во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Каролина Мучова и Наоми Осака.



