Секоја година, улиците на Скопје се претвораат во сцена на инспирација, спортски дух и заедништво. Виз Ер Скопски маратон 2025 оваа година ќе се одржи на 5 октомври, а пријавувањето за најголемиот спортски настан во државата е веќе во полн ек.
Под мотото “Трчањето ќе те промени”, сите учесници, без разлика дали се професионалци, рекреативци или дебитанти, имаат шанса да бидат дел од приказна која инспирира.
Изберете ја вашата трка
Во рамките на маратонот, учесниците можат да се пријават за една од четирите трки:
- Маратон (42.195 км)
- Полумаратон (21.097 км)
- Штафетен маратон ЕУ за спорт
- Трка на 5 километри
Без разлика на изборот, секоја трка е можност да се тестира сопствената издржливост и да се почувствува уникатната атмосфера на Виз Ер Скопски маратон.
Важни датуми и што добивате во стартниот пакет
Вистинските шампиони подготовките ги почнуваат навреме. Организаторот подготви и неколку поволности за оние кои ќе се пријават порано:
- Пријавување до 29 август: Обезбедува официјална маица на трката во стартниот пакет.
- Пријавување до 10 септември: Вашето име ќе биде испечатено на стартниот број.
- Последен рок за регистрација: 19 септември.
Стартниот пакет за маратон и полумаратон содржи и 20 евра вредносен ваучер од Wizz Air, торбица, медал, освежување и многу повеќе.
Пријавувањето се врши исклучиво преку официјалната веб-страница www.skopskimarathon.com. Не чекајте последен момент – пријавете се навреме и бидете дел од заедницата што трча со срце!



