Викендов е историски за сите љубители за Формула трките, бидејќи за прв пат се одржуваат сите категории на Формула трките во ист викенд, на иста патека.
Патеката во Силверстоун викендов е домаќин на Ф1, Ф2, Ф3 и Ф4 трките, па гледачите кои се наоѓаат таму имаат и тоа како зафатен распоред.
Силверстоун е една од најлегендарните патеки во светот на Формула 1 и домот на британското Гран при. Сместена во срцето на Англија, оваа патека е позната како “домот на брзината”, а токму тука во 1950 година се одржа првата трка во историјата на Формула 1.
Силверстоун комбинира брзи правци и технички свиоци како „Маготс“, “Бекетс” и “Копс”, што ја прави голем предизвик за возачите. Позната е и по својата непредвидлива англиска клима, која често знае да ја искомплицира трката.
Трката на Силверстоун секогаш носи спектакл, а британските фанови создаваат неверојатна атмосфера на трибините.



