12.8 C
Skopje

Прв пат во Македонија ќе го видиме ВАР на дело

Објавено:

После неколкуте обуки кои ги спроведе Фудбалската федерација на Македонија за воведување на ВАР системот во македонската лига, за прв пат ќе се одигра меч кој на некој начин ќе биде своевиден тест за употребата на оваа технологија.

Имено, двата скопски клубови, Работнички и Силекс ќе одиграат пријателски контролен натпревар, каде ќе биде применет ВАР системот.

Натпреварот ќе се одигра во тренинг комплексот на ФФМ на 2 јули, со почеток во 18:30 часот, а покрај тестот за технологијата, ова ќе биде и тест за двата клуба кои активно се подготвуваат за својот настап во Конференциската лига.

Извор: https://ffm.mk

Инаку, првиот семинар за ВАР технологијата беше одржан под водство на реномираниот инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, еден од првите ВАР судии на ФИФА и етаблирано име во светски рамки, кој работел како ВАР менаџер во Кипар, Белорусија, Саудиска Арабија и Русија.

“Она што беше ветено, станува реалност. Очекувањата се големи и сигурен сум дека сите учесници ќе ги оправдаат. Барам максимална професионалност од секој поединец вклучен во овој процес”, истакна претседателот Омерагиќ, упатувајќи искрени желби за успех до сите селектирани судии.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено