Прва рунда: Ѓоковиќ го помина незгодниот Тјен, драма на Медведев и Бонзи

 

Објавено:

Вчера започна Отвореното првенство на САД со натпреварите од првата рунда, а меѓу највпечатливите во машка конкуренција беа оние кои се игра во раните утрински часови по македонско време.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да ја помине првата пречка кон својата 25 Гренд Слем титула, победувајќи го незгодниот противник Лернер Тјен со 6-1, 7(7)-6(3), 6-2 во сетови.

Вистинска драма се случуваше на мечот меѓу Данил Медведев и Бенџамин Бонзи, кои одиграа маратонски натпревар со многу пресврти. На крајот, Бонзи излезе како победник од целиот хаос, во меч кој имаше прекини, пресврти и предвреме влетување на фотограф на теренот кој мислеше дека мечот завршил.

Сепак, Медведев иако вистински се “запали” во последниот сет, не можеше да дојде до победата, па Бонзи славеше со 6-3, 7-5, 6(5)-7(7), 0-6, 6-4 во сетови.

И Американецот Накашима со Холанѓанецот Де Јонг одиграа вистински маратон на теренот, а Накашима на крајот славеше со 6-2, 6(5)-7(7), 2-6, 6–2, 7(10)-6(7) во сетови.

Од фаворитите полесно поминаа домашните ѕвезди Тејлор Фриц, кој го совлада Нава со 7-5, 6-2, 6-3 во сетови, како и Бен Шелтон кој го совлада Игнацио Бусе со 6-3, 6-2, 6-4 во сетови.

Ако судиме по самиот старт, ни следува навистина возбудлив турнир, па останете со нас на ова тениско патување.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено