Португалскиот фудбалски клуб Гондомар, каде што Диого Жота ја започна својата кариера, ги објави дресовите за претстојната сезона кои се посветени на Диого и неговиот брат Андре.
“Ова е повеќе од дрес, ова е вечен спомен”, пишува покрај фотографиите.
На предната страна од дресот можат да се видат ликовите на Диого и Андре, а на задната страна се испишани нивните имиња покрај знакот за бесконечност.

Инаку, двајцата браќа кои го изгубија животот во трагичната сообраќајна несреќа летово потекнуваа од Гондомар, место во источниот дел од Порто, а и двајцата како младинци играа за локалниот клуб.
Во 2022 година, Академијата за млади играчи на Гондомар беше именувана по Диого Жота, а сега со овој убав гест тие сакаат да им оддадат почит на своите локални фудбалски херои.
“Ова сеќавање доаѓа од длабокото чувство на загуба кое се почуствува не само во клубот, туку и во целата заедница на Гондомар. Диого Жота кој отсекогаш имаше блиска емотивна врска со својата земја и нашиот клуб, заедно со Андре Силва кој го делеше истиот сон и пасија за фудбалот, продолжуваат да бидат инспирација за генерациите на млади спортисти кои растат на нашите терени”, се вели во објавата покрај дресовите.






