Прво обраќање на Седлоски: „Нема да дозволам никој да ни го одземе правото да се бориме!“

Објавено:

По официјалната промоција за нов предводник на Македонија, Гоце Седлоски не криеше дека седнувањето на „жешката“ клупа е врвот на неговата кариера. Човекот кој 100 пати го носеше националниот дрес, сега ќе бара од фудбалерите иста таква почит кон грбот што го носат.

Седлоски, кој доаѓа како наследник на Благоја Милевски, јасно порача дека неговата Македонија ќе игра „машки“ до последната секунда.

„За мене ова е голема чест и најголема одговорност. Свесен сум дека во некои мечеви нема да сме фаворити, но тоа не може да ни го одземе правото да се бориме! Сакам да видам тим кој ќе стои цврсто до последна минута и нема да се откажува“, дециден е Седлоски.

Тимска работа со легендите

Новиот селектор верува во поддршката од раководството и своите поранешни соборци од теренот. Со Пандев, Новески, Ибраими и Најдоски зад себе, тој верува дека Македонија може да се врати на победничките патеки.

„Од играчите ќе барам максимален ангажман, храброст и желба. Верувам во квалитетот на овие момци и во нивната желба достојно да ја претставуваат државата на највисоко ниво“, додаде Седлоски.

Првиот вистински тест за новиот селектор ќе биде „пеколен“. Дебито на Седлоски е закажано за март во Копенхаген, каде Македонија ќе гостува кај Данска во клучниот бараж за пласман на Светското првенство 2026.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено