ПСЖ е големиот победник на вечерта, ова е листата на сите добитници!

Објавено:

Париз вечерва славеше! И не само затоа што беше домаќин на престижната церемонија за доделување на Златната топка, туку затоа што токму францускиот гигант ПСЖ излезе како големиот победник на вечерта.

Главната награда на вечерта за најдобар фудбалер ја доби токму Усман Дембеле, а ПСЖ триумфираа и во категориите за најдобар тим и најдобар тренер за Луис Енрике. Голем број на фанови на Дембеле вечерва се собраа се собраа да ја прослават наградата на својот миленик, а снимките од Париз се навистина импресивни.

А, ако се земе во предвид дека и Донарума беше изгласан за најдобар голман за времето кога играше за францускиот клуб, тогаш можеби треба да им се препише и тоа признание. Донарума низ солзи се прости летово од навивачите на ПСЖ, а веќе забележа и неколку одлични настапи за новиот клуб, Манчестер Сити.

За најдобра голманка во женска конкуренција беше прогласена Хана Хемптон во Челси. За најдобри голгетери трофејот “Герд Милер” го понесоа Виктор Ѓоќереш и Ева Пајор.

Барселона се втори според клупскиот успех вечерва. Нивната најдобра фудбалерка Аитана Бонмати ја понесе престижната награда Златна топка трет последователен пат, а признанија беа доделени и на младите играчи од клубот – Ламин Јамал за најдобар во машката и Вики Лопез во женската конкуренција.

Јамал вечерва пристигна со голем број од неговото семејство во очекување дека ќе биде големиот победник на вечерта, но сепак тој ќе мора да почека за да ја прослави првата Златна топка.

Целосната листа на добитници вечерва:

“Копа трофеј” за најдобар млад играч: Ламин Јамал (Барселона) и Вики Лопез (Барселона)

“Јохан Кројф трофеј” за најдобар тренер: Луис Енрике (ПСЖ) и Сарина Вигман (Англиска репрезентација)

“Јашин трофеј” за најдобар голман: Хана Хемптон (Челси) и Џанлуиџи Донарума (ПСЖ/Манчестер Сити)

“Герд Милер трофеј” за најдобар голгетер: Ева Пајор и Виктор Ѓоќереш

Најдобар машки клуб на годината: ПСЖ

Најдобар женски клуб на годината: Арсенал

Златна топка во женска конкуренција: Аитана Бонмати (Барселона)

Златна топка во машка конкуренција: Усман Дембеле (ПСЖ)

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено