13.8 C
Skopje

Работнички денес ќе ја брка првата победа против Башкими

Објавено:

Фудбалскиот клуб Работнички денес на Градскиот стадион во Скопје ќе го пречека тимот на Башкими, во обид да дојде до првата победа сезонава.

После ремито во Кавадарци со Тиквеш, сега тие на домашен терен ќе го пречекаат тимот кој оваа година е нов во Првата лига, а напаѓачот Дашмир Елези верува дека “романтичарите” можат да дојдат до посакуваната победа.

Извор: https://www.ffm.mk/

“Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов прволигаш и секако дека ќе сакаат да останат непоразени. Но, верувам дека Работнички ќе наметне свој ритам на натпреварот и дека на крајот ќе ги освоиме трите бода. Башкими има неколку навистина квалитетни и искусни фудбалери, но ние треба да го одбраниме домашниот терен. Го анализиравме противникот, добивме инструкции што треба да направиме и ако ги исполниме задачите на шефот Бојан Маркоски, верувам дека на крајот ќе славиме”, вели напаѓачот Дашмир Елези.

И Елези е оптимист и целосно мотивиран пред денешниот натпревар. За веб страната на ФФМ, тој изјави дека очекуваат да ги освојат трите бодови денес.

“Очекувам да одиме во позитивна насока и во тој сегмент. Не постигнавме гол на европските натпревари и на првиот меч против Тиквеш во Кавадарци, но имавме неколку навистина одлични шанси. Верувам дека токму против Башкими ќе бидеме ефикасни”, порача Елези.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено