9.8 C
Skopje

Работнички убедлив против Пелистер за прв сезонски триумф

Објавено:

Работнички конечно стигна до првата победа сезонава, совладувајќи го Пелистер со убедливи 3:0 во рамки на шестото коло.

Домаќините во Битола можеа да поведат уште во петтата минута, но Василев беше сигурен на голот. Работнички возврати преку Флоријан Кадриу, кој ја погоди рамката на голот од тешка позиција.

Сепак, гостите го скршија отпорот во 31-та минута, а Демир Имери прекрасно го проигра Кадриу, кој ладнокрвно го совлада Јовчевски за 1:0. До полувремето “романтичарите” ја удвоија предноста. Димитар Трајков ја заврши одличната тимска акција и постигна дебитантски погодок за 2:0.

Во второто полувреме Работнички ја контролираше играта и резултатот, додека Пелистер безуспешно се обидуваше да се врати во игра. Сите дилеми беа решени во 75-та минута, кога Кадриу со својот втор погодок го постави конечниот резултат од 3:0.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено