2.8 C
Skopje

Пијастри на пол позицијата, Мекларен ќе ја брка првата победа во Бахраин

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште од тренинзите се виде дека Мекларен ќе доминираат на патеката во Бахраин, но можеби најголемото изненадување на квалификациите дојде од потфрлувањето на фаворизираниот Ландо Норис, па пол позицијата му припадна на неговиот тимски возач – Оскар Пијастри.

Во првиот ред за утрешната трка се најде и Џорџ Расел со Мерцедес, со круг кој дава надеж дека можеби утре ќе гледаме за нијанса позабавна трка од претходната во Јапонија.

Од третото место ќе стартува Шарл Леклер во болидот на Ферари, а возачот од Монако беше еден од оние кои можеби најмалку очекуваа да се најдат во првите три, па тој не го криеше задоволството од постигнатиот резултат.

Извор: https://x.com/F1

Фаворизираниот Норис направи грешка во првата кривина, па се најде на шестото место, а актуелниот шампион Макс Верстапен кој имаше проблеми со кочниците во текот на целите квалификации се најде веднаш зад Британецот на седмото место на стартниот грид.

“Пробавме сè што можеме, го превртевме болидот од горе надолу, од лево на десно. Едноставно ништо не функционираше”, изјави Верстапен после квалификациите.

Извор: https://x.com/McLarenF1

Ова за Мекларен е прва пол позиција во Бахраин, а еден од најуспешните и најистакнати тимови во Формула 1 утре ќе се надева и на првата победа на патеката Сахир.

Можеби токму оваа трка е шансата на младиот Австралијанец да им покаже на Мекларен дека ја заслужува повеќе титулата за прв возач во тимот, но тимот и понатаму тврди дека нема никакви фаворизирања и дека и двајцата шофери се слободни да се тркаат секогаш кога имаат можност, иако тоа баш и не изгледаше така досега.

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено