Ракометарите во погон: Започнаа подготовките за Европското првенство 2026!

Објавено:

Македонската ракометна репрезентација и официјално ги започна подготовките за уште еден голем предизвик – Европското првенство 2026. Под будното око на стручниот штаб, нашите репрезентативци веќе ги одработуваат првите тренинзи во Скопје, каде се гради формата и атмосферата пред заминувањето на клучната фаза од подготовките.

По неколкудневниот престој во главниот град, експедицијата на Македонија се сели во Загреб. Таму, нашите ракометари ќе продолжат со темпирање на формата, а главниот тест ќе го имаат против силната селекција на Хрватска. Овој контролен натпревар е закажан за 28 декември со почеток во 20:30 часот.

Дуелот со „коцкастите“ ќе биде одлична можност да се види до каде е моменталната подготвеност на тимот пред соочувањето со најсилната европска елита. Македонија повторно е дел од големата сцена, а амбициите се јасни – што подобар настап и достоинствено претставување на македонските бои во јануари.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено