Изненадувањето на денешните квалификации за Големата награда на Сингапур, беше освојувањето на пол-позицијата од страна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Тој воедно постави и нов рекорд на патеката, возејќи ја за 1 минута и 29.158 секунди.
Ова е седма пол-позиција за Британецот во неговата кариера, но прва на патеката под светлата во Сингапур. Дури и самиот Расел после квалификациите изјави дека е изненаден од освојувањето на првото место на утрешниот грид.
Singapore Grand Prix Qualifying Lap time comparison between George Russell and Max Verstappen pic.twitter.com/CQE6XvqmqZ
— FORMULA ADDICT (@Formuladdict) October 4, 2025
“Не знам што направив за да имам ваков перформанс денес. Мислам дека сите бевме малку изненадени од лошиот перформанс на Мекларен, бидејќи сите очекувавме да летаат тука, но ќе ја прифатам ваквата ситуација со задоволство”, искрено одговори возачот на Мерцедес.
Интересно е што уличната трка на Марина Беј патеката досега не беше среќна за Расел, а високите температури во Сингапур досега му предизвикуваа големи проблеми низ годините.
“Ако морав да изберам на која патека ќе имаме пол-позиција годинава, оваа би била на дното на листата”, додаде Расел.
Сепак, Расел призна дека со Макс Верстапен зад него, победата е далеку од загарантирана на утрешната трка. Трет на утрешната трка ќе стартува Оскар Пијастри, лидерот на табелата за возачи. Зад него ќе стартува младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели, а вториот возач на Мерцедес, Ландо Норис ќе биде на петтата позиција.
Инаку, двата болида на Вилијамс беа дисквалификувани од денешните квалификации, поради премостување на техничките спецификации.