Рашфорд искрено: “Манчестер Јунајтед е заглавен во ничија земја!”

 

Објавено:

Маркус Рашфорд, роден и пораснат во Манчестер, зборуваше искрено за ситуацијата во Јунајтед во поткастот “Rest Is Football”. Англискиот фудбалер кој моментално е на позајмица во Барселона, стана само вториот Англичанец во историјата кој заиграл за каталонскиот клуб.

Според Рашфорд, клубот нема јасен идентитет уште од заминувањето на Сер Алекс Фергусон што ги оставило “заглавени во ничија земја”.

Како играч и како навивач, Рашфорд вели дека премногу честите промени на менаџери и стратегии ги уништиле принципите на игра што Фергусон ги градеше со години. Без јасен и долгорочен план, тој смета дека Јунајтед нема шанси да се бори за титула во Премиер лигата.

Минатата сезона клубот заврши на 15-то место, што е најлош пласман во елитата од далечната сезона 1973/74. Рубен Аморим, кој го предводи тимот сега, е шестиот постојан менаџер по Фергусон, кој замина во 2013, година што беше и последната со освоена титула за “црвените ѓаволи”. Рашфорд, кој помина низ Академијата во ерата на Фергусон, вели дека разликата е огромна.

“Кога Ферги беше на чело, целиот клуб, од академијата нагоре функционираше по исти принципи. Последниве години само реагираме на проблеми, наместо да се држиме до јасен план. Можеш да освоиш некој куп, но без стабилност нема титула во лигата”, изјави тој.

Тој потсети и на примерот на Ливерпул со Јирген Клоп кој пристигна во 2015 година. Тој три години не освои ништо, но потоа ја врати круната и ја донесе Лигата на шампионите на Енфилд.

“Ливерпул не менуваше постојано, му дадоа време на Клоп. Ако сакаш вистинска транзиција, мора да ја започнеш и да останеш верен на неа. Кај нас има толку многу различни идеи, што на крајот останавме во средината, заглавени во ничија земја”, заклучи Рашфорд.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено