Со интересно футуристичко видео, денес беше објавен новиот играч на Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори потпиша договор со клубот од Ла Лига до 2030 година, по трансферот вреден 26 милиони евра од италијанскиот шампион Наполи.
Италијанскиот репрезентативец е одлично засилување на сите напаѓачки позиции. Тој својата кариера ја започнал во Сасуоло академијата во 2009 година, а неговото деби со првиот тим дошло десет години подоцна во мечот против Аталанта.

Во 2022 година, тој пристигна во Наполи, а со нив два пати ја освои титулата во Серија А. За Наполи тој одигра 109 натпревари, со постигнати 18 погодоци и 10 асистенции.
За својата репрезентација тој настапи на 21 година, во подготвителен натпревар за ЕУРО2020. На Европското првенство одигра на еден натпревар за Италијаните што беше доволно да биде крунисан заедно со своите сонародници за шампион, а до денес има одиграно вкупно 40 натпревари, со 9 голови и 6 асистенции.
— Atlético de Madrid (@atletienglish) August 11, 2025
Jack has arrived 🇮🇹 pic.twitter.com/oPQ4M6Cg9N
— Atlético de Madrid (@atletienglish) August 11, 2025



