Разврска на АФКОН: Мароко моќен, Египет тактизираше, Јужна Африка низ „иглени уши“

Објавено:

Осмиот ден на Африканскиот куп на нации донесе конечна разврска во групите А и Б. Домаќинот Мароко и Египет ја потврдија доминацијата, додека Мали и Јужна Африка го заверија своето место во осминафиналето.

Група А: Мароко распали, Мали оди понатаму со три ремија

Во Рабат, „Атлас Лавовите“ покажаа зошто се први фаворити. Мароко ја демолираше Замбија со 3-0 и со 7 бода го освои првото место. Ајуб Ел Кааби беше ѕвезда на вечерта со два гола, од кои вториот беше спектакуларни ножички (подоцна потврдени со ВАР), додека Брахим Дијаз исто така се запиша во листата на стрелци.

Во исто време во Казабланка, Мали одигра тактички и досаден меч без голови (0-0) против Комори. Ова беше доволно за „Орлите“ да завршат втори со 3 бода, иако мечот го завршија со играч помалку по исклучувањето на Амаду Хајдара.

Група Б: Египет и Ангола мирољубиво, драма во Маракеш

Египет, кој веќе беше пласиран, одигра 0-0 против Ангола во Агидир. „Фараоните“ го освоија првото место со 7 бода, додека Ангола со 2 бода ќе чека расплет во другите групи за евентуален пласман како третопласирана.

Вистинската драма се случуваше во Маракеш, каде Јужна Африка ја победи Зимбабве со 3-2. Во меч со многу пресврти, клучниот момент беше пеналот на Освин Аполис во 82-та минута. Лајл Фостер и Чепанг Мореми исто така погодија за „Бафана Бафана“, која со оваа победа го осигура второто место.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено