Реал Мадрид се огласи со официјално соопштение: Не преговараме за Мајкл Олисе!

 

Објавено:

Екипата на Реал Мадрид одлучи да стави крај на најновите трансфер шпекулации кои го поврзуваа шпанскиот гигант со ангажман на офанзивецот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Откако медиумите почнаа да шпекулираат за астрономски понуди, раководството на „кралскиот клуб“ излезе со официјално соопштение во кое категорично ги отфрли овие тврдења.

Францускиот интернационалец, кој пристигна во Минхен од Кристал Палас во 2024 година, има важечки договор со германскиот шампион до 2029 година, а Баерн одби да ги коментира најновите случувања.

„Како одговор на извештаите во разни медиуми за наводен интерес на нашиот клуб за играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, Реал Мадрид сака да појасни дека немал никаков директен или индиректен контакт со споменатиот играч, неговите претставници или со било кого од неговото опкружување. Реал Мадрид сака да ги истакне одличните институционални односи кои ги одржува со Баерн Минхен, засновани на историска меѓусебна почит, соработка и восхит. Секој потенцијален интерес секогаш ќе биде прво дискутиран помеѓу самите клубови“, стои во соопштението на мадриѓаните.

Олисе блеска на Мундијалот и во Бундеслигата

Додека клубовите си разменуваат соопштенија, Олисе е максимално фокусиран на настапите за француската репрезентација на Светското првенство. Тој беше стартер на воведниот натпревар против Сенегал (победа од 3-1) и забележа две одлични асистенции.

Неговата форма во Баерн е застрашувачка. Од неговото доаѓање во 2024 година, тој има одиграно 107 натпревари на кои забележал 42 гола и 54 асистенции. Изминатава сезона беше еден од клучните играчи во освојувањето на втората последователна титула во Бундеслигата, завршувајќи ја кампањата со 15 голови и дури 21 асистенција.

Активно лето на „Сантијаго Бернабеу“

Демантот за Олисе доаѓа само неколку недели откако Реал Мадрид потврди дека нивната понуда од 150 милиони евра за Хулијан Алварез била одбиена од градскиот ривал Атлетико Мадрид (иако многумина сметаа дека таа понуда била само „блеф“ на претседателот Флорентино Перез).

Сепак, летото во Мадрид е пеколно. Со враќањето на Жозе Мурињо на тренерската клупа, Реал веќе комплетираше три фантастични засилувања – Ибрахима Конате пристигна од Ливерпул, Марк Кукуреља од Челси, а Бернардо Силва го напушти Манчестер Сити за да се пресели во шпанската престолнина.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено