Реал си го враќа своето дете: Карерас потпиша со “кралевите”!

 

Објавено:

Реал Мадрид го официјализираше трансферот вреден 50 милиони евра, на Алваро Фернандез Карерас, 22-годишниот лев бек кој пристигнува од Бенфика, каде минатата сезона го освои Лига Купот и влезе во најдобриот тим на португалското првенство според тренерите и капитените.

Карерас е добро познато име за мадридистите – токму во младинските категории на Реал Мадрид (2017–2020) го направи првиот голем чекор во својата кариера, откако претходно ги носеше дресовите на Расинг де Ферол и Депортиво Ла Коруња.

Неговата фудбалска едукација продолжи во Манчестер Јунајтед, каде што беше прогласен за најдобар У21 играч во сезоната 2021/22, а потоа следеа сениорски авантури во Престон, Гранада и конечно Бенфика, клуб каде блесна и се наметна како еден од најдобрите млади бекови во Европа.

Со 68 настапи и 5 гола за “орлите” од Лисабон, Карерас беше прогласен за најголемо откритие во тимот, како и за најдобар дефанзивец на месецот во март. Сега се враќа во Мадрид како зрел играч, подготвен да се наметне во екипата на Карло Анчелоти.

Кариера на Алваро Карерас:

Расинг Ферол (2010–2012)

Депортиво Ла Коруња (2012–2017)

Реал Мадрид (2017–2020)

Манчестер Јунајтед (2020–2022)

Престон Норт Енд (2022–2023)

Гранада (2023–2024)

Бенфика (2024–2025)

Реал Мадрид (2025– )

Трофеи:

Лига Куп на Португалија (2024/25)

Реал Мадрид не само што донесе играч со искуство, туку врати свое дете, желно за докажување и подготвено да напише нова блескава страница на “Сантијаго Бернабеу”.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено