Ред Бул стави точка на шпекулациите: Заминувањето на Клоп е „целосна глупост“!

 

Објавено:

Германскиот стратег Јирген Клоп повторно се најде во центарот на светските спортски медиуми, откако во Австрија се појавија гласини дека неговата авантура во корпоративниот свет на фудбалот е пред самиот крај. Сепак, одговорот од Ред Бул беше експресен и брутален.

Оливер Минцлаф ги демантира гласините

Извршниот директор на Ред Бул, Оливер Минцлаф, ги отфрли информациите дека Клоп би можел да ја напушти позицијата „Глобален шеф на фудбалот“. Реакцијата доаѓа по текстот во „Salzburger Nachrichten“, каде се тврдеше дека позицијата на Клоп е несигурна поради наводниот „недостаток на спортски напредок“ во мрежата на клубови (Лајпциг, Салцбург, Њујорк, Брагантино).

„Тоа е чиста глупост и целосно неосновано. Напротив, ние сме екстремно задоволни од работата на Јирген. Тој постојано е во комуникација со нашите тренери и спортски директори и ја развива нашата филозофија. Тој е вистинскиот човек за оваа работа“, изјави Минцлаф за „The Athletic“.

Реален интерес или само шпекулации?

Иако Клоп има договор со Ред Бул до 2029 година, неговото име постојано се поврзува со враќање на тренерската клупа. По отказoт на Чаби Алонсо во јануари, Клоп беше споменуван како потенцијален наследник во Реал Мадрид, а постојано „виси“ и опцијата тој да ја преземе репрезентацијата на Германија доколку Јулијан Нагелсман замине по Светското првенство.

Клоп е „целосно смирен“ во новата улога

Самиот Клоп неодамна изјави дека е среќен со својата нова улога, која му овозможува да остане во фудбалот, но без секојдневниот стрес што го носи менаџерската позиција.

„Знам дека можам да тренирам тим, но тоа не значи дека морам да го правам тоа до последен ден. Сакав нешто поинакво и целосно сум смирен со тоа каде се наоѓам во моментов“, порача Клоп.

Засега, еден од најголемите умови во современиот фудбал останува зад сцената, кроејќи ја иднината на „биковите“ ширум светот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено