Светското првенство 2026 се ближи, а со него и првиот голем скандал. ФИФА се соочува со закана од правна битка откако одлучи да ја суспендира казната на Кристијано Роналдо и да му дозволи да настапи на првите натпревари на Мундијалот.
Роналдо (40) заработи директен црвен картон за удар со лакт врз Дара О’Шеј на натпреварот против Ирска, што автоматски значи суспензија од три натпревари. Тој веќе пропушти еден меч (против Ерменија), но според правилата, требаше да ги пропушти и првите два дуели од групната фаза на СП.
ФИФА го „спаси“ Роналдо, противниците бесни
Меѓутоа, ФИФА донесе преседан. Светската куќа на фудбалот одлучи преостанатите два натпревари од казната да ги стави на „условна казна“ (probation) во времетраење од една година. Ова значи дека Роналдо ќе биде слободен да игра уште од првиот ден на турнирот во САД, Мексико и Канада.
Оваа одлука предизвика бура. Според Daily Mail, репрезентациите кои ќе бидат извлечени во група со Португалија (ждрепката е на 5 декември) размислуваат за тужба пред Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, барајќи враќање на оригиналната суспензија.
„Дали правилата важат за сите?“
Ова покрена жестока дебата. Додека фановите на Роналдо слават, неутралните навивачи и правните експерти прашуваат: Дали ФИФА ги менува правилата за да ја заштити својата најголема ѕвезда на неговиот последен Мундијал?
Следете нè: Facebook | Instagram | X



