РК Алкалоид пред тежок предизвик – ќе мора да го елиминира Хановер!

Објавено:

Несреќна ждрепка за РК Алкалоид, македонскиот клуб ќе мора да се соочи со германскиот гигант Хановер во квалификациите за Европската клупска лига на ЕХФ.

Единствениот “непосакуван” противник стана реалност, а името на Хановер висеше како најтежок можен ждреб кога се дознаа групите.

Хановер, бундеслигаш кој минатата сезона доминантно водеше 20 кола во најсилната лига на светот, сега ќе му стои на патот на Алкалоид кон европската слава.

Првиот меч ќе се одигра на 30 или 31 август на гости, додека реваншот во Скопје ќе биде закажан на 6 или 7 септември.

Алкалоид ќе мора да го даде најдоброто од себе против еден од најмоќните ракометни клубови во Европа. Тимот од Скопје има квалитет, искуство и амбиција – и токму тоа ќе биде потребно за да се елиминира фаворитот и да се обезбеди место меѓу европската елита.

Извор: https://www.facebook.com/rkalkaloid

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено