РК Вардар без клучен играч: Лазаревски ќе отсуствува од терените

 

Објавено:

Според денешната информација која ја објавија од ракометниот клуб Вардар, нивниот играч и репрезентативецот на Македонија, Милан Лазаревски ќе отсуствува од терените во наредните три месеци.

Причината е операција на десното рамо која била успешно спроведена во Загреб, а по истата пивотменот ќе треба да подложи на подолг период на рехабилитација пред да се врати на клупските и репрезентативните должности.

Според првичните информации Лазаревски ќе отсуствува три месеци, а била донесена одлука побрзо да се заврши со операцијата, со цел тој да биде подгтовен на време за предизвиците кои ќе следуваат во сезоната.

Му посакуваме брза рехабилитација и се надеваме дека ќе го видиме повторно во успешни изданијаи во “црвено-црниот” и во дресот на Македонија.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено