Иако на стартот на летниот преоден рок имаше шпекулации дека Рубен Дијаз би можел да се пресели во Баерн Минхен, сепак денес Манчестер Сити ставија крај на гласините и официјално објавија дека потпишале нов договор до 2029 година.
Дијаз кој беше еден од клучните играчи во победничката 2022/23 сезона и избран за Играч на годината во Премиер лигата во 2021 година, останува во клубот на Пеп Гвардиола.
We’re delighted to announce that @rubendias has extended his contract at City until 2029 ✍️🩵 pic.twitter.com/a5oURtqF0q
— Manchester City (@ManCity) August 22, 2025
Неговиот придонес се гледа и во статистичката доминација која го краси, а според “Opta Data” тој има 92.5% точност во додавањата и 75% добиени воздушни дуели. Досега за Сити тој има одиграно 246 натпревари, без отсуства поради повреди, уште откако се приклучи на тимот со трансферот од Бенфика во 2020 година.
Иако не е позната сумата на новиот договор, претходните шпекулации во врска со трансферот во Минхен истакнуваа сума од 50 милиони фунти.
Дијаз ќе биде клучен и во новата сезона на Сити, каде треба да придонесе за зајакнување на дефанзивната линија и стабилност во одбраната, со цел тимот да се врати повторно на врвот на табелата, на која минатата сезона завршија трети.
🩵 @rubendias, our number 3 🩵 pic.twitter.com/yUeMSvOrqU
— Manchester City (@ManCity) August 22, 2025



