На денешниот ден од турнирот во Синсинати, сега за сега единствен победник во машката конкуренција е Данецот Холгер Руне, кој службено го доби мечот откако неговиот противник Франсес Тијафо се повреди и мораше да се повлече од натпреварот на резулат 6-4, 3-1 во корист на Руне.
Другите два натпревари во кои играат Јаник Синер против Адријан Манарино, како и Бен Шелтон против Баутиста мораа да бидат одложени поради поројниот дожд, но се очекува истите да продолжат во секој момент.

Кај жените осминафиналните победи ги отворија Ига Швјонтек која со победа од 6-4, 6-3 ја совлада противничката Сорана Чирстеа, и Магда Линет која победи во мечот над Џесика Пегула со 7(7)-6(5), 3-6, 6-3 во сетови.
После дождот се очекува и разврската од натпреварот меѓу Клара Таусон и Вероника Кудерметова.



