Арина Сабаленка уште еднаш покажа зошто Австралија е нејзиниот втор дом. Двократната шампионка одигра моќен натпревар против 12-та носителка, Украинката Елина Свитолина и за само 76 минути го завери своето место во големото финале кое ќе се игра во сабота.
Со овој успех, Сабаленка стана само третата тенисерка во „Опен ерата“ која успеала да стигне до четири последователни финалиња во Австралија. Пред неа, тоа им пошло од рака само на легендарните Ивон Гулагонг (7 финалиња по ред) и Мартина Хингис (6 финалиња по ред).
Моќен тенис и целосна контрола
Сабаленка го започна мечот агресивно, испукувајќи 29 винери, со што ја зголеми својата бројка на турнирот на неверојатни 172 директни поени. Иако Свитолина имаше свои моменти и се обиде да пружи отпор со брејк на почетокот на вториот сет, Арина веднаш возврати со уште посилно темпо.
„Неверојатно достигнување, но работата сè уште не е завршена“, изјави Сабаленка по мечот. „Елина е тежок противник, играше неверојатен тенис цела недела и среќна сум што поминав низ овој тежок испит“.
Aryna Sabalenka, turning dreams into reality 🌟#AO26 pic.twitter.com/z1m124tj4n
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2026
Клучниот момент
Дури и кога се соочи со необична одлука на судијата за „пречење“ во првиот сет по една видео-ревизија, Сабаленка не дозволи тоа да ја исфрли од ритам. Напротив, тоа како да и даде дополнителна мотивација, по што врза серија поени и доминантно го приведе мечот до крај.
Во сабота, Сабаленка ќе се бори за својата трета титула во Мелбурн, потврдувајќи дека во моментов е класа над останатата конкуренција на тврдите подлоги.



