Сабаленка и Анисимова во финалето на УС Опен!

Објавено:

После синоќешните полуфинални натпревари на Отвореното првенство во САД, официјално ја добивме финалната двојка на турнирот во Њујорк.

Арина Сабаленка ја совлада Американката Џесика Пегула во меч кој траеше во три сетови. Откако првиот сет го изгуби со 4-6, Сабаленка веднаш се врати во ритам за да ги добие следните два со 6-3, 6-4.

Во другиот полуфинален меч имаше поголема борба за билетот во финалето. Таму Јапонката Наоми Осака и Американката Аманда Анисимова се бореа за секој поен, а на крајот победата ја однесе домашната фаворитка.

Анисимова исто така го загуби првиот сет со 6(4)-7(7), но потоа ги доби следните два со 7(7)-6(3), 6-3 на радост на публиката.

Сега двете победнички ќе се сретнат утре во финалето во Њујорк, Анисимова со желба за атракција пред домашната публика, а Сабаленка во обид за одбрана на тронот.

Извор: https://x.com/usopen

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено