Сабаленка: „Не разбирам како луѓето најдоа негативност во овој настан“

Објавено:

После вчерашниот натпревар „Битката на половите“ во кој првата светска тенисерка Арина Сабаленка изгуби од Кирјос, на интернетот осамнаа бројни негативни коментари на сметка на тенисерката.

Поголемиот дел од нив се однесуваа на тоа како најдобрата светска тенисерка изгубила од некој кој испуштил две години поради повреди, други го нарекуваа мечот „брука за женскиот тенис“ и слично…

На ваквите коментари се огласи и самата Сабаленка: „Не разбирам како луѓето најдоа нешто негативно во овој настан. Играв одличен тенис, тоа беше забавен натпревар“.

„Да, тој победи на мечот. Но, не е дека беше 6-0, 6-0 на крајот. Имаше одлична борба и мечот беше интересен за гледање. Донесе повеќе гледаност за тенисот, легенди го гледаа овој натпревар“, изјави таа на прес конференцијата.

Сабаленка додаде и дека многу „големи“ луѓе и се јавиле пред натпреварот посакувајќи и сè најдобро, велејќи и дека ќе ја гледаат од сите страни во светот. Таа смета дека натпреварот само привлекол повеќе внимание кон спортот и не гледа како тоа може некои луѓе да го гледаат како нешто негативно.

„Идејата беше да му помогнеме на нашиот спорт да расте и да го покажеме од една поинаква перспектива, дека тениските настани може да бидат забавни и да привлекуваат внимание“, изјави таа.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено