Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, успеа без проблеми да ја помине противничката Џесика Бузас Манеиро. Сабаленка ја совлада Шпањолката со резултат 2-0 или 6-1, 7-5 во сетови за остварување на 50-та победа оваа сезона.
Во другите натпревари од осминафиналињата во женска конкуренција, Елена Рубакина во тежок меч успеа да ја совлада Американката Медисон Кис со 6(3)-7(7), 6-4, 6-2 во сетови.

И Ана Калинскаја имаше пред себе вистински предизвик да ја помине противничката Екатерина Александрова, но на крајот успа да победи со резултат 3-6, 7(7)-6(5), 6-1 во сетови.
Претходно во четвртфиналето на турнирот се пласираше и Ига Швјонтек, а последната четвртфиналистка ќе ја дознаеме утре рано изутрина од мечот меѓу Кудерметова и Линет.



