Сабаленка со победа над домашната миленичка Радукану

 

Објавено:

На Вимблдон вечерва, во третото коло од натпреварите, се судрија најдобрата светска и најдобрата британска тенисерка, Арина Сабаленка и Ема Радукану.

Победата сепак ја понесе Белорусинката која ги скрши срцата на домашната публика на Вимблдон, со резултатот од 2:0.

Извор: https://x.com/Wimbledon

Првиот сет беше вистинска борба на теренот. Двете тенисерки високо мотивирани за победата не се откажуваа од освојувањето на сетот, па тој заврши дури по долга борба со 7(8)-6(6) во корист на Сабаленка.

Вториот сет исто така и припадна на светската носителка на ВТА листата со 6-4, по што таа си го трасираше својот пат кон освојувањето на трофејот. Од претходните две кола, Сабаленка беше единствената од топ 5 тенисерките која опстана да се бори во третата рунда, а денес покажа дека е решена да оди до самото финале каде цели кон титулата.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено