Во натпревар кој веќе е нарекуван “меч на турнирот”, светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, после повеќе од три часовна борба успеа да ја совлада Британката Ема Радукану во Синсинати.
Двете тенисерки покажаа одлична игра, но на крајот сепак славеше Сабаленка со резултат 7(7)-6(3), 4-6, 7(7)-6(5) во сетови.
Во другите натпревари во женска конкуренција, Американката Анисимова изненади со поразот од Калинскаја, со резултат 7-5, 6-4 во сетови, со што фаворизираната тенисерка го напушта турнирот.
Match of the tournament 🐯 pic.twitter.com/OOFTV78dR8
— Cincinnati Open (@CincyTennis) August 11, 2025



