Салах: “Јас треба да бидам поевтин, сите да можат да играат со мене!”

 

Објавено:

Уште неколку денови нè делат од стартот на Премиер лигата, но и од почетокот на пасијата на многу љубители на спортот, почетокот на Фантази Премиер лигата.

По тој повод, Мо Салах реагираше на веста дека тој е еден од најскапите играчи во старот од новата сезона: “Халанд треба да е највисоко рангиран, Исак треба да е повисоко рангиран од мене. Не крило како мене”.

Салах е познат љубител на Фантази играта, но вели дека не треба да биде толку скап, за секој да може да го избере и да игра со него.

“Секој пат истото прашање. Зошто некој да ме избере мене? Прво, спуштете ја цената за мене, за секој да може да игра со мене”, низ насмевка одговори Мо.

Видеото вклучува и компилација на одговорите од претходните години, кога секој пат Салах го дава истото мислење, дека би сакал цената да е пониска, за што повеќе играчи на Фантази да можат да го изберат во нивниот тим.

Се согласувате ли со него?

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено