Со вечерашниот гол во 94-та минута од мечот против Борнмут, Мохамед Салах се запиша во историјата на Премиер лигата како фудбалер со најмногу постигнати погодоци на премиерниот натпревар во сезоната.
Вечерашниот гол беше десетти за “Кралот од Египет” и тоа пред домашната публика на Енфилд, со што тој се искачи на врвот на листата, оставајќи го зад себе легендарниот Алан Ширер кој има постигнато 9 голови.
Сепак, легендарниот Ширер од Њукасл е сè уште прв на листата на вкупно погодоци во Премиер лигата, со постигнати 260 голови, а Салах со денешниот погодок се израмни со Ендру Кол на четвртата позиција со 187 голови.
На оваа листа втор е Хари Кејн кој има постигнато 213 погодоци, а трет е Вејн Руни со 208 погодоци. Салах има сега цела сезона пред него да се искачи уште погоре на оваа листа, па останува да видиме каков ќе биде неговиот учинок на крајот од сезоната.




