Салах со солзи на крајот на мечот кога навивачите ја пееја песната за Жота

 

Објавено:

Мо Салах денес постигна огромен успех во кариерата, станувајќи првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал 10 погодоци на мечот од отворањето на сезоната.

Но, тагата ја надмина среќата, па тој не можеше да ги задржи солзите кога на крајот од натпреварот навивачите почнаа да ја пеат песната која е посветена на прерано починатиот Диого Жота.

Извор: https://x.com/brfootball/

Салах беше последниот од играчите на Ливерпул кој остана на теренот по завршувањето на натпреварот, упатувајќи се кон трибината со навивачите за да ги поздрави со аплауз.

Претходно во самата завршница на мечот, кога Салах го постигна голот во 94-та минута, тој го прослави исто како што Жота го прослави својот гол на минатогодишното отворање на сезоната во Премиер лигата.

Извор: https://www.bbc.com/sport

Ваквите емотивни глетки само покажуваат колку всушност играчите се погодени од трагедијата која се случи ова лето, во која животот го загуби нивниот соиграч и другар Диого и неговиот брат Андре Силва.

И тренерот Арне Слот беше емотивен во неговото интервју по завршувањето на натпреварот: “Кога резултатот беше 2:2, знаете кој играч го барав? Диого Жота. Но, не можев. Поради страшни причини”, изјави тој за “SkySports”.

Извор: https://x.com/LFC

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено