Вилијам Салиба официјално потпиша нов долгогодишен договор со Арсенал и со тоа го зацврсти своето место како еден од столбовите во одбраната на “топџиите”.
Францускиот репрезентативец има 24 години и во клубот пристигна во јули 2019 година. Оттогаш има одиграно 140 натпревари во сите конкуренции и израсна во еден од најсигурните дефанзивци во светскиот фудбал.
Кариерата ја започна во Сент-Етјен, каде што го мина младинскиот погон и дебитираше во првиот тим во сезоната 2018/19. По трансферот во Арсенал, беше испратен на позајмица во Сент-Етјен, каде што помогна тимот да стигне до финалето на Купот на Франција во 2020 година. Подоцна играше на позајмици и во Ница и Марсеј, каде што беше избран за најдобар млад играч во Лига 1 и дел од идеалниот тим на сезоната 2021/22.
One of us.
We’re delighted to announce that William Saliba has signed a new contract with The Arsenal 🙌 pic.twitter.com/82i5CkiF5I
— Arsenal (@Arsenal) September 30, 2025
Дебито за Арсенал го имаше во август 2022 против Кристал Палас, а само две недели подоцна го постигна и првиот погодок во Премиер лигата – прекрасен удар со левата нога против Борнмут.
Од тогаш Салиба е срцето на одбраната на Арсенал, која во последните две сезони прими најмалку голови во Премиер лигата. Три години по ред е дел од ПФА тимот на годината, а во 2024 беше избран и во најдобриот тим на ФИФА. За Франција има 28 настапи, играше на Светското првенство во 2022 и на ЕВРО 2024, каде што беше избран и во тимот на турнирот.
“Среќни сме што Вилијам ја врза својата иднина со Арсенал. Тој веќе е еден од најдобрите дефанзивци во светот и веруваме дека најдоброто од него допрва доаѓа”, изјави спортскиот директор Андреа Берта.
Менаџерот Микел Артета додаде: “Салиба е сакан од сите во клубот, а тоа многу зборува за неговиот карактер и посветеност. Огромно е задоволството да се работи со играч како него и сигурни сме дека ќе ни помогне во амбициите за освојување на трофеи”.
Новиот договор на Салиба е со важност од пет години и стапува на сила по завршување на регулаторните процеси.
💬 “I feel at home."
We sat down with William Saliba to discuss what it means to extend his journey with the club he loves 🎙️
— Arsenal (@Arsenal) September 30, 2025