12.8 C
Skopje

Сан Марино на менито – Вардар со европска шанса за влез со стил!

Објавено:

Македонскиот фудбалски великан Вардар со вистински среќна “рака” ја започнува европската мисија – на денешната ждрепка во Нион “црвено-црните” го извлекоа, барем на хартија, најлесниот можен противник – Ла Фиорита од Сан Марино.

Мисијата “европско лето” на УЕФА Конференциската лига започнува на 10 јули со гостување кај аматерскиот состав од микродржавата, а реваншот е закажан за 17 јули во Скопје. Време е Вардар да ја врати европската магија на Градски!

Извор: https://www.uefa.com/uefaconferenceleague

Но, Вардар не е единствениот наш претставник во Конференциската лига.

Силекс ќе има далеку посериозен тест – ќе се сретне со црногорскиот Дечиќ, исто така со гостување на стартот.

Работнички, пак, ќе патува североисточно, каде што ќе се соочи со амбициозниот Торпедо БелАЗ од Белорусија.

Сите три македонски тима ќе ги започнат настапите на гостински терен, но со јасна цел – пласман во второто коло и борба за повеќе европски бодови и престиж.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено