Сè е подготвено – денес започнува Вимблдон!

 

Објавено:

Еден од најпопуларните тениски турнири на трева, престижниот Вимблдон започнува денес со официјалните натпреварувања.

Првата рунда натпревари не би требало да претставува проблем за најдобрите светски играчи, па на самиот старт светскиот рекет број еден, Јаник Синер, утре ќе се сретне со сонародникот Нарди, Алкараз денес ќе одигра со Фогини, а можеби најинтересниот за македонската публика, ветеранот Новак Ѓоковиќ ќе стартува утре со Милер.

Кај жените, носителката на ВТА листата, Сабаленка ќе го започне своето Вимблдон патување денес со Бранстин од Канада, Американката Коко Гоф утре ќе одигра со Јастремска, а миленичката на публиката Ема Радукану ќе се сретне со сонародничката Минге Сју.

Публиката влегува со големи надежи за своите тениски миленици, а ние ќе ги следиме најинтересните случувања на овогодинешното издание на Вимблдон.

Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: https://x.com/Wimbledon
Извор: https://x.com/Wimbledon
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено