Додека вие се жалите на болки во грбот кога станувате од кревет на 30 години, Роке Санта Круз штотуку потпиша нов професионален договор… на 44 години!
Да, добро прочитавте. Легендарниот парагвајски напаѓач, кој беше страв и трепет во Бундеслигата и Премиер лигата додека некои од денешните ѕвезди уште носеа пелени, има нов клуб. Насионал од Парагвај го претстави како свое најголемо засилување за 2026 година.
„Ова е фудбалско наследство“
На социјалните мрежи веќе се шегуваат дека Роке тргнал по стапките на Казујоши Миура и планира да игра до пензија (буквална пензија).
„Братот е на пат да стане следниот Крал Казу“, коментираат фановите на Reddit, додека други едноставно пишуваат: „Ова е фудбалско наследство“ (Football heritage).
𝘽𝙄𝙀𝙉𝙑𝙀𝙉𝙄𝘿𝙊 𝘼 𝙇𝘼 𝘼𝘾𝘼𝘿𝙀𝙈𝙄𝘼, 𝙍𝙊𝙌𝙐𝙀 !!
— Club Nacional Py (@clubnacionalpy) January 1, 2026
Vamos Nacional 🔴⚪️🔵 pic.twitter.com/5oxx2t5WSP
Од Баерн до Бесмртност
За оние „поискусните“ читатели: Роке Санта Круз ја освои Лигата на шампионите со Баерн Минхен во 2001 година. Да, пред 25 години! Потоа стана икона на Блекбурн, играше за Манчестер Сити, а сега, во 2026-та, уште одбива да ги закачи копачките на клинец.
Тој е еден од ретките играчи во историјата што постигнал гол во четири различни децении. Со среќа мајсторе, се гледаме на терен и на 50!



