Се заоструваат односите: Њукасл вратија на пораката од Исак!

Објавено:

Драмата околу судбината на Александер Исак и неговиот однос со Њукасл Јунајтед продолжува. Откако играчот вечерва за прв пат се огласи во јавноста околу целата трансфер-сага, од клубот веднаш му вратија со официјално соопштение.

Прочитајте ја во продолжение целата изјава од клубот, објавена вечерва на нивната официјална веб страна:

“Разочарани сме што вечерва бевме алармирани за објавата на социјалните медиуми од страна на Александер Исак. Ние сме јасни во изјавата дека Алекс останува под договор во клубот и никогаш не било дадено никакво ветување од официјално лице од клубот дека тој може да си замине ова лето.

Ние сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така разбираме дека играчите си имаат свои желби и ги слушаме нивните страни. Како што му е објаснето и на Алекс и неговите претставници, мора да ги земеме во предвид најдобрите интереси на Њукасл Јунајтед, тимот и нашите навивачи во сите одлуки кои се донесуваат и бевме јасни дека условите за продажба ова лето не беа исполнети. Не гледаме дека во блиска иднина тие услови ќе бидат исполнети.

Ова е горд фудбалски клуб со горди традиции и се трудиме да го зачуваме чувството на семејство во клубот. Алекс продолжува да биде дел од нашето семејство и ќе биде добредојден кога ќе реши дека е подготвен да им се придружи повторно на неговите соиграчи”.

На интернетот почнаа да кружат вечерва гласини дека реакцијата за време на ПФА наградите после постот на Исак била евидентна, особено кај играчите и официјалните лица на Ливерпул. Според одредени извори, се очекува веќе утре рано наутро Ливерпул да донесе одлука за понуда која ќе ги сруши сите рекорди во Премиер лигата. Дали тоа продолжуваат да бидат само гласини или Исак сепак ќе успее во намерите на сила да извојува трансфер летово, останува да видиме во наредните денови, бидејќи до затворањето на овој трансфер-прозорец остануваат само уште десет дена.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено