Во очекување на викендов и новиот Формула 1 собир, за прв пат ќе го видиме тимот на Ред Бул откако Кристијан Хорнер беше избркан од позицијата главен менаџер после цели 20 години, односно од самото основање на тркачкиот тим.
Еден од неговите најголеми ривали е менаџерот на Мекларен, Зек Браун, со кого јавно во неколку наврати си разменуваа тензични изјави.
Сега, Браун во интервју за “SkySports” изјави дека воопшто не е изненаден од заминувањето на Хорнер после целата драма во Ред Бул последниве две години.
“Можеби сум малку изненаден од времето кога беше донесена одлуката, но не и од самата одлука”, изјави Браун.
Со неговите двајца шофери на чело на табелата за освојување на шампионатот, и за сè поизвесната титула кај механичарите, Браун е самоуверен за крајот на сезоната.

Но, во изјава за “The Sports Agents” тој рече дека не би сакал да го види Макс Верстапен во тимот на Мерцедес, најверојатно плашејќи се од големата конкуренција во тој случај. На Браун во моментов му одговара ситуацијата со неговите ривали од Ред Бул, со оглед на успехот кој го има неговиот тим оваа сезона, наспроти надолната линија во австрискиот ривал.
“Макс во Мерцедес е нешто што ми предизвикува причина неудобност кога мислам на тоа… Мислам дека тој е неверојатен, не би сакал да го видам во Мерцедес. Повеќе ми одговара да остане тука каде што е”, изјави Зек Браун.



